Вечерва на програмата е натпреварпот помеѓу ПСЖ и Наполи, а италијанскиот тим се надева дека би можел да го изненади ПСЖ на сличен начин како што тоа го направија и во натпреварот против Ливерпул.
Додека Тухел го пофали противникот, Анечлоти се обидува да го подигне моралот на својот тим и се надева на позитивен исход.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Непобедливи тимови никогаш не се создадени, се уште, колку што знам. Сакам моите играчи да се чувствуваат опуштено. Не сакам да се фокусирам на тактиката. Ми се допаѓа како игравме против Ливерпул и мислам дека можеме тоа да го повториме. Повторувам, ние сме тука бидејќи имаме доста квалитети“, изјави тренерот на Наполи.
Тимот на Анчелоти делува се подобро на теренот, јасно се гледа неговото влијание, а познато е каков стратег е тој. Ќе им биде тешко на Ливерпул и ПСЖ да изборат пласман во следното коло од натпреварувањето покрај ваков расположен италијански тим.