Дома Топ вести Анчелоти не е опција – Фановите во „ТРАНС“, Милан тргнува по друго ГОЛЕМО тренрско име!

Анчелоти не е опција – Фановите во „ТРАНС“, Милан тргнува по друго ГОЛЕМО тренрско име!

„Росонерите“ имаат намера да го доведат човекот кој на „Сан Сиро“ би можел да стави точка на блескавата тренерска кариера.

Фудбалската јавност во Италија овој викенд ќе биде насочена кон дербито на колото кое го играат Милан и Рома.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тренерот на Милан, Виченцо Монтела е блиску до отказ, не се проблем само резултатите, туку и проблемите кои италијанскиот стратег ги има со Кинезите. Се споменуваше Карло Анчелоти како евентуално решение, но сега во медиумите се појави ново и тоа поголемо тренерско име.

Ни помалку, ни повеќе во прашање е Марчело Липи кој во овој момент е селектор на Кина, но како што сега стојат работите нема долго да остане после лошите резултати, поточно неуспехот да се пласира на Мундијалот. Тоа беше невозможна мисија, па поранешниот тренер на Јувентус и Интер и светскиот шампион со „Аѕурите“ би можел крајот на својата тренерска кариера да го дочека во Милано.

Наводно, Фасоне и Мирабели, директорскиот тандем на клубот од Милано стапил во контакт со „стариот лисец“, но барем до овој момент договор нема. Липи и претходно се споменуваше како можен тренер на Милан, уште кога Берлускони беше директор на клубот, тогаш требаше да го замени Синиша Михајловиќ, но тоа не се случи, бидејќи Милан не сакаше да ги исполни неговите финансиски барања.

lippi

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

На Островот тврдат: Де Брујн го напушта Сити, познат и новиот клуб

На само неколку дена пред почетокот на финалето од ФА Купот во кое Сити ќе игра за нов тро…