Дома Трансфер зона Анчелоти не е задоволен од одбраната, ќе купи ли Реал дефанзивец од 80 милиони евра?

Анчелоти не е задоволен од одбраната, ќе купи ли Реал дефанзивец од 80 милиони евра?

Реал Мадрид има пад во играта и во моментов е три бодови зад лидерот Барселона во Ла Лига, но дополнително навивачите ги загрижи поразот од каталонскиот гигант во Суперкупот.

„Кралевите“ имаат проблеми во одбраната, иако пристигна Антонио Рудигер минатото лето, а тоа го посочи и тренерот Карло Анчелоти.

„Пет од шест голови можеа да се избегнат“, кажа Анчелоти по натпреварите против Виљареал, Валенсија и Барселона.

Шпанските медиуми пишуваат дека е време Реал Мадрид да побара нов дефанзивец, а изборот наводно падна на Јошко Гвардиол од Лајпциг, кој чини 80 милиони евра.

Гвардиол беше желба и на Челси, но премиерлигашот не се договори со германскиот гигант, па сега тоа ќе се обиде да го направи шпанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мурињо: Златна топка за Лига на шампиони? Тогаш нека ја добие Луис Енрике

Жозе Мурињо го изрази своето мислење за критериумите за доделување на Златната топка, најп…