Фудбалерите на Реал Мадрид се на добар пат да ја освојат титулата во Примера, откако во саботата во Памплона ја победија Осасуна со 4:1.
Освен што ја зголемија предноста во однос на Жирона, која беше поразена од Гетафе, фудбалерите на Реал Мадрид го израмнија и клупскиот рекорд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кралевите“ се во серија од 23 натпревари без пораз во Ла Лига со што го израмнија рекордот поставен во 2011/12 година.
Во тоа време на клупата седеше Жозе Мурињо, а неговиот тим ја освои титулата пред Барселона на Пеп, со тогашни рекордни 100 бода.
Доколку тимот на Анчелоти победи или ремизира со Атлетик Билбао на својот „Сантијаго Бернабеу“ по репрезентативната пауза во Мадрид ќе постави нов клупски рекорд.