Карло Анчелоти постигна големи успеси како играч и тренер на Милан, но не му се допаѓа моменталната политика на клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ачелоти жестоко ја искритикува одлуката новиот сопственик да го избрка од клубот легендарниот Паоло Малдини.
Малдини ја имаше улогата на технички директор во Милан и беше најзаслужен што тимот се врати на победничките патеки.
„Тоа што му се случи на Малдини покажува недостаток на историска култура и покажување непочит кон традицијата на Милан. Вистина е дека историјата не носи победи, но историјата те учи како да победувате. Клубовите кои ги ставаат бизнис целите пред спортскиот успех се осудени на пропаст“, вели Анчелоти.