Дома Фудбал Италија Анчелоти: Кулибали е најдобар дефанзивец во светот, чини 150 милиони!

Анчелоти: Кулибали е најдобар дефанзивец во светот, чини 150 милиони!

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти смета дека Калуду Кулибали е најдобриот дефанзивец во светот во моментов, па дури и ја одреди неговата пазарна вредност.

Италијанскиот стратег оцени дека Кулибали, кој е на мета на многу европски гиганти, вреди 150 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Да, мислам дека тој е најдобриот дефанзивец во светот. Дури има уште простор да се подобрува. Неговата цена е 150 милиони евра, но не е на продажба. Неговиот договор е до 2023 година, а во него има откупна клаузула од 150 милиони евра, но Наполи нема потреба да го продава. Претседателот не сака да го продава и е сигурно“, истакна Анчелоти.

„Задоволен сум од сезоната. Второто место не е по наша вина. Треба да се признаат заслугите на Јувентус, кој направи исклучителна сезона. Ако продолжат вака, можат да ја завршат сезоната со 100 бода“, заклучи Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Ла Лига изведен најлошиот пенал сезонава 🎥

Фудбалерот од редовите на Осасуна, Анте Будимир го привлече вниманието во шпанскиот фудбал…