Искусниот италијански стратег Карло Анчелоти од вчера повеќе не е тренер на Наполи.
Италијанскиот клуб после натпреварот со Генк соопшти дека Анчелоти повеќе нема да би тренер. Иако Наполи обезбеди пласман во осминафиналето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се започна минатиот месец кога играчите на Наполи одбија да одат во карантин, а Анчелоти не се бунеше. Претседателот Де Лаурентис за тоа му замери на Анчелоти и од тогаш се чекаше само момент кога ќе го отпушти.
После отказот, Анчелоти денес се огласи на Твитер.
„Им се заблагодарувам на сите во клубот, вработените, моите играчи, помошниците и претседателот за ова незаборавно искуство во преубав град каков што е Неапол“, порача Анчелоти.
Tutti i miei ringraziamenti al club, ai suoi dipendenti, ai miei giocatori, al mio staff e al presidente per la opportunita’che mi e’stata data di vivere una grande esperienza in una città meravigliosa come Napoli. FORZA NAPOLI SEMPRE pic.twitter.com/0w9xLGf8Ow
— Carlo Ancelotti (@MrAncelotti) December 11, 2019