Дома Топ вести Анчелоти го најде наследникот на Бензема

Анчелоти го најде наследникот на Бензема

Приоритет на Реал Мадрид на лето ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе може да биде долгорочен наследник на Карим Бензема.

Шпанските медиуми пренесуваат дека нова мета на „кралевите“ е бразилскиот напаѓач Ричарлисон, кого Анчелоти одлично го познава од времето кога соработуваа во Евертон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот ова лето се пресели во Тотенхем, но не е задоволен од својот статус и во последно време често ја грее клупата.

Поради тоа е спремен да ја промени средината, а Спарси за неговата слобода бараат 70 милиони евра.

Во Реал веруваат дека Ричарлисон може да биде наследник на Бензема и да формира одлично бразилско трио со Винисиус и Родриго.

Бензема оваа сезона пропушти многу натпревари поради повреда и е во зрели фудбалски години, па Реал сака да доведе нов напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лазаров со две изненадувања за натпреварот со Фарски Острови

Maкедонскиот селектор, Кирил Лазаров го објави составот за денешниот натпревар против Фарс…