Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти: Големите тимови играат да победат, а не да калкулираат

Анчелоти: Големите тимови играат да победат, а не да калкулираат

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти пред вечерашниот натпревар против ПСЖ порача дека големите клубови не калкулираат туку идат на победа.

Наполи на Сан Паоло ќе го пречека ПСЖ во еден од најважните натпревари во групната фаза, а Анчелоти порачува дека неговиот тим ќе даде се од себе да оствари победа и да остане во добра ситуација кога е во прашање пласман во нокаут фазата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Никогаш не е вистинско време да играш со најдобрите тимови. Спрема ПСЖ имаме голема почит, но со играта во претходниот натпревар покажавме дека можеме. Се наоѓаме во добар момент и ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме.“ – порача Анчелоти и додаде:

„Ситуацијата за нас е добра, многу подобра од после ремито против Звезда во првото коло, но големите тимови играат да победат, а не да калкулираат.“

Да потсетиме, Наполи моментално има пет бодови, односно еден повеќе од ПСЖ, но и еден помалку од Ливерпул кој е лидер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…