Легендарниот италијански тренер Карло Анчелоти имаше само пофални зборови за работата на Џенаро Гатузо како тренер на Милан.
Анчелоти истакна дека се радува на сите победи на Милан и дека Гатузо е најзаслужен што „росонерите“ играат добро во последно време.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Рино го оживеа Милан, давајќи му стил и идентитет. Среќен сум за него и за сите навивачи на „росонерите“ вклучувајќи ме и мене. Знаејќи го Рино, тој секогаш бара совршенство. Толку многу пати викаше по Сидорф, Кака или Пипо Инѕаги на теренот! Секогаш правеше притисок. Верувај те ми, Рино не зема ништо здраво за готово. Милан може да стигне до Лигата на шампионите доколку го задржи ова темпо, но не смееме да ставиме премногу притисок врз него“, истакна Анчелоти.
„Секогаш е тешко да дојдете во еден тим среде сезона. Рино успешно ги препроди пречките и гледам дека играчите го следат. На крајот на краиштата ако имате кредибилитет во очите на играчите, тогаш можете да стигнете до било кој резултат. Гатузо го гледам како вистински командант. Гатузо е душата на Милан и играчите го ставаат своето знаење и енергија во корист на тимот за да дојдат до успех. Тоа е вистинскиот пат. Ги гледам сите натпревари на Милан, на крајот на краиштата јас сум фудбалски романтичар и кога победуваме, славам како што го правев тоа порано“, додаде трофејниот стратег.