Дома Фудбал Англија Анчелоти: Арсенал? Се зависи од понудата

Анчелоти: Арсенал? Се зависи од понудата

Повеќемесечните шпекулации за судбината на Арсен Венгер денес добија конечен епилог. Французинот соопшти дека по повеќе од 20 години ќе се повлече од позицијата менаџер на Арсенал, а со тоа е дадено и зелено светло за разработка на сите можни сценарија за тоа кој ќе биде неговиот наследник.

Во морето имиења се најде и името на Карло Анчелоти. Италијанецот е без ангажман откако на крајот на изминатата година се разиде со Баерн, а Британците тврдат дека сега би можел да се врати во Англија и да го преземе Арсенал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По ова прашање се огласи и самиот Анчелоти.

„Венгер влезе во историјата и мора да му се оддаде признание за се што направи за Арсенал. Топчиите знаат што им следува, а ако сум јас во нивните планови, тогаш ми е драго. Но, во овој момент не постои ништо повеќе од тоа“, истакна Анчелоти и додаде:

„Мојата иднина зависи од шансите и проектите кои ми се претставени. Не е се до мене“.

За потсетување, Анчелоти во Англија веќе имаше шанса да работи од 2009. до 2011. година кога го предводеше Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…