Дома Фудбал Анчелоти: Ако Нејмар дојде во Барселона, Валверде може да има проблеми

Анчелоти: Ако Нејмар дојде во Барселона, Валверде може да има проблеми

Наполи и Барселона вечерва ќе го одиграат својот втор пријателски натпревар во само неколку дена.

Каталонскиот тим во првиот натпревар славеше со 2:1, а во очи на вториот натпревар Карло Анчелоти се обрати пред новинарите на прес конференција и зборуваше за некои други теми.

Имено, играчот на ПСЖ, Нејмар одамна е на излените врати на клубот од Париз, а моментално се води борба помеѓу Барселона и Реал Мадрид за да го донесат во своите редови.

Анчелоти смета дека Ернесто Валверде ќе има проблеми да му најде место во првата постава на Бразилецот.

„Ако дојде Нејмар, нема да му биде лесно на Валверде да го состави својот тим.“ – рече Анчелоти на својата прес конференција пред натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оптимизам во Германија: „Подготвени да поминеме заедно низ огнот”

Репрезентативецот на Германија, Џонатан Тах верува дека новиот селектор Јирген Клоп уште н…