Дома Останати Тенис Антологиски меч во Рим: Циципас водеше, Ѓоковиќ се врати и победи после три ипол часа тенис!

Антологиски меч во Рим: Циципас водеше, Ѓоковиќ се врати и победи после три ипол часа тенис!

Aнтологиски тениски меч на Мастерсот во Рим. Еден од оние кои долго ќе се паметат.

Во главна улога беа Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас. Тие го играа мечот од четвртфиналето на Мастерсот во италијанската престолнина. Конечниот резултат на крајот гласеше 2:1 за Ѓоковиќ после три ипол часа тенис.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот сет донесе голема борба, а Циципас ја искористи својата прилика и одличната игра ја куниса со освојување на првиот сет со 4:6. И во вториот сет грчкиот тенисер играше добро, имаше предност од брејк и изгледаше дека се ближи елиминација на Новак.

Сепак тогаш најдобриот светски тенисер се врати на спектакуларен начин. Го сврти резултатот во сетот кој траеше 65 минути и го доби со 6:5 за израмнување во сетови на 1:1.

Во третиот сет следуваше нова драма.

Повторно Циципас одлично го отвори сетот. Ноле се држеше, Гркот успеа да дојде до уште една предност и сервис за меч, но погодувате што се случи. Ноле повторно се враќа и со 5:4 и со сервис на Циципас го враќа мечот во егал на 5:5. Се влезе во неизвеснба завршница.

Во финишот на третиот сет на сцена стапи неверојатниот Ѓоковиќ кој дојде до брејк и го освои сетот со 7:5 за конечни 2:1.

Ова сигурно беше еден од најдобрите мечеви на Мастерс турнирите во последните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…