Дома Македонски спорт Мак баскет Антиќ со една фотографија го потврди наследникот на Давитков? (ФОТО)

Антиќ со една фотографија го потврди наследникот на Давитков? (ФОТО)

Oд вчера кошаркарскара репрезентација на Македонија е без селектор, претседателот Перо Антиќ потврди дека Јорданчо Давитков си заминува од функцијата селектор и ако судиме според најавите неговиот наследник веќе е познат.

Уште веднаш по објавувањето дека Давитков нема да биде селектор започна да се споменува Октај Махмути кој во својата кариера ги водеше Анадолу Ефес, Бенетон, Даушафака и Галатасарај.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера вечер изгледа дека и Антиќ со една фотографија објавена на социјалните мрежи потврди дека Махмути ќе биде новиот предводник на репрезентацијата.

И во минатото Махмути се поврзуваше со селекторското столче, меѓутоа од кошаркарската федерација не успеаа да го убедат да се впушти во репрезентативните води. Сега тој е без ангажман, па изгледа одлучил да седне на клупата на репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…