Дома Македонски спорт Мак баскет Антиќ: Се уште не сум одлучил дали ќе играм за репрезентацијата!

Антиќ: Се уште не сум одлучил дали ќе играм за репрезентацијата!

Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство во Кина.

Новиот селектор Јорданчо Давитков на поширокиот список повика 24 играчи, на него се и имињата на искусните Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски и Лестер Бо Мекејлеб.

На првиот собир се појавија Чековски и Антиќ, а поранешниот капитен кој последен пат за репрезентацијата играше на ЕП во Словенија во 2013, изјави дека за неколку дена ќе ја донесе одлуката дали повторно ќе го облече дресот со државниот грб.

„Моето појавување на првиот собир значи респект за стручниот штаб на репрезентацијата како и директорот. Пред неколку години зборев за пензија од националниот дрес, но мило ми е што Јоцо се врати во репрезентацијата. Со него имам одлична соработка во изминатите години. Тешко е да одлучам, но за два до три дена ќе знаеме сигурно дали ќе настапувам ова лето за репрезентацијата“, рече Антиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

МЗТ во Варшава бара крај на европската низа порази

МЗТ Скопје вечерва од 19 часот гостува кај Џики во петтото коло од ФИБА Еврокупот. Македон…