Дома Останати Кошарка НБА Антетокумпо, Харден и Дончиќ ѕвезди на вечерта во НБА (ВИДЕО)

Антетокумпо, Харден и Дончиќ ѕвезди на вечерта во НБА (ВИДЕО)

Дури девет натпревари беа одиграни во најсилната кошаркарска лига во изминатата ноќ, а некои кошаркари забележаа одлични индивидуални натпревари, додека поголеми резултатски изненадувања немаше.

Еден од дерби натпреварот беше оној помеѓу Клиперси и Милвоки, но со оглед дека за домаќините не играа Пол Џорџ и Каваи Ленард гостите имаа далеку полесна работа. Милвоки однесе победа од 129:124. До триумфот ги предводеше одличниот Јанис Антетокумпо со учинок од 38 поени. 16 скока и девет асистенции. За Клиперси Вилијамс и Харел забележааа по 34 поени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште еден одличен настап во НБА лигата одигра Лука Дончиќ. Неговиот Далас победи на домашен терен против Орландо со 107:106, а Дончиќ беше најдобар поединец на натпреварот со постигнати 27 поени, седум скокови и исто толку асистенции. Втората најголема ѕвезда на екипата Порзингис постигна само осум поени. Кај гостите одличен настап одигра Никола Вучевиќ со 19 поени и 11 скокови.

До минатата сезона натпреварот со Хјустон и Голден Стејт беше големо дерби во НБА лигата, но овој пат тоа не беше така. Вориорсите беа немоќни и Хјстон славеше со 129:112. Најдобар кај Хјустон беше Џејмс Харден со 36 поени и 13 асистенции. Неговиот соиграч Расел Вестбрук беше нешто послаб од вообичаено и натпреварот го заврши со осум скокови и шест асистенции. Кај гостите Буркс уфрли 28 поени.

Останати резултати:

Детроит – Њујорк 122:102

Индијана – Вашингтон 121:106

Атланта – Чикаго 93:113

Торонто – Сакраменто 124:120

Мемфис – Минесота 137:121

Јута – Филаделфија 106:104

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…