Дома Топ вести Ансу Фати ќе пропушту седум натпревари на Барселона?

Ансу Фати ќе пропушту седум натпревари на Барселона?

Aнсу Фати е тинејџер кој го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи во дресот на Барселона.

Поради проблемите со повредите Ернесто Валверде одлучи шанса да му даде на 16 годишниот Фати кој воодушеви со настапите и на три натпревари веќе постигна два гола за каталонскиот клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фати веќе стана вистинска сензација во шпанскиот фудбал, а многумина го споредуваат со големите ѕвезди на светскиот фудбал. Неочекувано доби шанса за која веројатно не ни сонуваше и таа ја искористи на најдобар начин.

Валверде после натпреварот со Валенсија во кој Фати запиша гол и асистенција имаше само пофални зборови, но и го предупреди младиот фудбалер.

„На никого не му е лесно да игра за Барселона, а посебно не на еден така млад фудбалер како Ансу Фати. Не е нормално тоа што го направи, постигна гол со првата топка, асистираше со втората. Сакаме да се запознае со себе си, да сфати колку ова е комплицирано“,

„Каде и да биде играчот мора да го заслужи своето место. Тренерите сакаат младите играчи да пружаат енергија која ќе можат да ја искористат. Ансу ги има квалитетите кои ни се потребни“, изјави Валверде.

Овој 16 годишен фудбалер е роден во Гвинеја-Бисао, но уште како дете пристигна во Шпанија и член на „Ла Масија“ е веќе шест години. Меѓутоа иако е роден во Гвинеја тој одлучи да настапува за репрезентацијата на Шпанија.

Во овој момент Фати е член на кадетската репрезентација на Шпанија и поради тоа би можел да пропушти дури седум натпревари за Барселона во периодот од 26-ти октомври и 17-ти ноември.

Имено, тогаш се игра Светското првенство за играчи до 17 години, а се очекува Фати да добие повик од селекторот на Шпанија. Во тој случај Фати нема да има прилика да настапи во „Ел Класико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…