Дома Топ вести Ансу Фати наскоро станува 230 милиони евра поскап

Ансу Фати наскоро станува 230 милиони евра поскап

За време на пандемијата фудбалските клубови забележаа големи финансиски загуби, па поради тоа на Барселона и е јасно дека враќањето на Нејмар е готово невозможно.

Поради тоа Каталонците ќе се насочат кон сопствените ресурси, а весникот „АС“ тврди дека 17-годишниот Ансу Фати и официјално ќе биде префрлен во фудбалер на првиот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот талент во декември стави потпис на нов договор до 2022 година со откупна клаузула од 170 милиони евра.

Весникот тврди дека Барселона наскоро ќе го ревидира договорот и ќе постави нова откупна клаузула, која ќе изнесува неверојатни 400 милиони евра.

Ансу Фати се уште е дел од резервниот тим на Барса, но Валверде му даде шанса во првиот тим оваа сезона и покажа дека станува збор за исклучителен талент.

Фати оваа сезона запиша 24 настапи во сите натпреварувања на кои постигна 5 гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …