Дома Фудбал Ансу Фати го промени агентот, сега е „пулен“ на Мендеш

Ансу Фати го промени агентот, сега е „пулен“ на Мендеш

Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати го промени својот менаџер, пренесува „Мундо Депортиво“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фати сега е „пулен“ на португалскиот агент Жорге Мендеш, кој му е агент на Кристиано Роналдо и редица други фудбалски ѕвезди.

До сега агент на 17-годишниот Фати беше братот на Лионел Меси, Родриго, а претходно ги користеше услугите на Жуниор Мингеа.

Таткото на фудбалерот Бори Фати исто така зема важна улога во преговорите, но сега за неговата кариера ќе се грижи Жорге Мендеш.

Во тек се преговори помеѓу Барселона и фудбалерот за продолжување на договорот според кој Ансу Фати ќе добива значително поголема плата, но и ќе има многу поскапа откупна клаузула од 400 милиони евра.

Интерес за Фати покажуваат многу европски клубови, а најсилен е интересот од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aрбелоа емотивно се збогуваше со Реал: Сигурно нема да сум дел од тимот на Мурињо!

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа медиумска конференција пред последниот натп…