Бразилецот Нејмар изминатото лето одлучи да ја напушти Барселона и да ги засили редовите на богатиот ПСЖ.
Нејмар така стана најскапиот играч во историјата Парижаните го платија неверојатни 222 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Заминувањето во ПСЖ изненади многумина, а како што се наведува тоа го направи за да излезе од сенката на Меси, за да има поголеми шанси за освојување на Златната топка.
Нејмар не крие дека сака да стане најдобар фудбалер на светот, а свесен е дека тоа би било тешко доколку остане во редовите на Барселона.
Оваа тема ја прокоментира и легендарниот француски напаѓач, односно некогашниот играч на Арсенал и Барселона, Тиери Анри.
„Се сложувам дека Нејмар беше во сенка на Меси во Барселона, но секој фудбалер на светот е во сенка на Меси и тоа е едноставно така. Ако веќе сакаш да излезеш од неговата сенка тогаш може да почне да се занимава со некој друг спорт, тоа е единствен начин“, истакна Анри.