Дома Фудбал Останато Анри не може да си поверува: Овие играчи изгледаат како да не им се игра фудбал

Анри не може да си поверува: Овие играчи изгледаат како да не им се игра фудбал

henry

Доаѓањето на Тиери Анри на клупата не го донесе посакуваниот ефект на навивачите и управата на клубот, Монако продолжува да реди катастрофални резултати и ако продолжат вака ги чека борба за опстанок.

Минатогодишниот вицешампион на Франција после 12 кола има само седум бодови и се наоѓа на предпоследната позоција, а последното разочарување го доживеа овој викенд кога загубија од Ремис со 2:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лошите резултати не се јасни ниту за Анри, кој е разочаран од начинот на кој работат неговитефудбалери.

„Против Ремис не добивме ниту еден дуел, буквално секој припадна на противникот. Кога имавме играч повеќе воопшто не бевме на натпреварот, а потоа и ние добивме црвен картон, па Ремис ја превзема контроата. Не одигравме баш ништо и тоа е загрижувачки“.

„Нема ова врска со таткиката, очигледно фудбалерите имаа недостаток на желба. Изгледа како да на овие играчи воопшто да не им се игра фудбал. Ако не добиеш ниту еден дуел, не можеш да очекуваш дека ќе победиш“.

„Ја разбирам фрустрацијата кај навивачите бидејќи ова е деликатна ситуација. Мораме повторно да ја пронајдеме самодовербата. Не би дошол тука ако мислев дека Монако нема квалитет“, изјави Анри.

Монако оваа сезона има само една победа и тоа во првото коло кога го совладаа Нант со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…