Тимот на Работнички одигра катастрофална полусезона и се наоѓа на дното на табелата.
После 18 кола Работнички освои само 15 бодови и ако работите не се променат поранешниот македонски шампион ќе испадне од друштвото на најдобрите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тренерот на Работнички, Марјанчо Андрески во изјава за официјалниот сајт на клубот порача дека ова резултатски е најлошата есен за Работнички.
„Ова е најлошата резултатска есен за Работнички. Клубот дефинитивно тоа не го заслужува, но тимот мора да се помири со фактот дека не успеа да освои бодови на многу натпревари. Можеби игрите и не беа толку лоши, но тоа се е залудно доколку не се освојат бодови. Ќе мораме добро да се реорганизираме и во пролетниот дел од шампионатот да биде еден сосема поинаков Работнички, кој ќе знае да победи и да освои бодови“, изјави Андрески.
Ќе потсетиме Работнички сезоната ја започна со Александар Влахо, но по 10 кола дојде до промена на тренерската клупа.
Фото: ФК Работнички