Влатко Андоновски кој неодамна стана селектор на женската репрезентација во фудбал на САД која е најтрофејна селекција во женскиот фудбал и актуелен светски шампион на клупата дебитираше со победа.
Андоновски со САД запиша победа против Шведска од 3:2.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Американските поведоа после само шест минути игра, а веќе после половина час имаа и 3:0. Два гола постигна Лојд, еден беше дело на Прес.
Во вториот дел Андоновски направи неколку замени, неговата селекција не постигна гол, а два прими во период од четири минути во 75-тата и 79-та за конечни 3:2.
Лојд имаше шанса за хет-трик меѓутоа не реализираше пенал.