Војната во Украина директно се одрази и на спортот, па во претходните денови санкции беа воведени и за руските спортисти.
Голем број спортски организации решија да им забранат на руските клубови и репрезентации да се натпреваруваат, што предизвика голема полемика.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англискиот новинар Бен Рамзби на „Дејли Телеграф“ застана во одбрана на руските спортисти.
„Тоа што УЕФА исфрла руски клубови од европско натпреварување делува чудно. Зарем не ви изгледа дека тие одлуки нема да ги спречат руските играчи да играат во Европа за други клубови. Зошто не исфрлувавме Американци досега?“, прашува Бен Рамзби.