Дома Топ вести Англиските медиуми: Падна договор фудбалот добива нов најскап стопер!

Англиските медиуми: Падна договор фудбалот добива нов најскап стопер!

Според информациите на англиските медиуми Манчестер Јунајтед и Лестер се договориле за трансфер на Хари Мегваер.

Утрово беше објавено дека Мегваер побарал клубот да го пушти во Јунајтед, а сега пристигнуваат информации дека Лестер и „црвените ѓаволи“ се договориле.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вредноста на трансферот би требало да изнесува 80 милиони фунти со што ќе се сруши досегашниот рекорд за еден стопер кој го држеше Вирџил Ван Дајк за кого Ливерпул плати 75 милиони фунти.

„Сан“ пишува дека Мегваер утре ќе се упати за Манчестер каде што ќе ги помине лекарските прегледи.

Јунајтед веднаш ќе му плати на Лестер 60 милиони фунти, додека останатите 20 ќе бидат исплатени преку бонуси.

Претходно понудата од 70 милиони фунти на Јунајтед Лестер ја одби и бараше 90 милиони, но сепак договор е постигнат на средина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус ќе мора да бира – Алегри или Киеза!

Фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза во последниот период се поврзува со заминување од То…