Дома Фудбал Англиските легенди: Мора да се укинат продолженијата, играчите ќе пукнат

Англиските легенди: Мора да се укинат продолженијата, играчите ќе пукнат

Рио Фердинанд и Гери Линекер, легенди на англискиот фудбал, а денес стручни коментатори за Би-Би-Си, сметаат дека треба да се укинат продолженијата на фудбалските натпревари поради преголемо оптеретување на играчите. Нивната идеја е во случај на изедначен резултат веднаш да се започне пенал-серијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Морам да признаам дека деновиве ја доведувам во прашање поентата на дополнителното време. Тоа е крај на една неверојатно тешка фудбалска сезона и од нив се бара да играат многу натпревари. Мислам дека тоа е една од причините зошто играчите изгледаат така уморни на овој турнир“, рече Линекер и понуди решение:

“Рио, можеби би можело да им се даде нешто за возврат кога веќе се бара од нив да играат толку многу. Да речеме, може да се укинат продолженијата. Кога станува збор за нив, секој сака да гледа пенали”.

„Ќе дојде до точка на пукање. Играчите ќе пукнат. Ако измислиме нови натпреварувања и нови натпревари, играчите ќе пукнат. Мислам дека тоа не е фер кон нив. Мора да се најде начин како да се намали минутажата што ја играат. Наместо да се игра продолженија, веднаш треба да се започне пенал рулетот“, изјави Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој е Елој Рум? Српскиот зет кој го воодушеви светот на Мундијалот и речиси го собори светскиот рекорд (Видео)

Имавме прекрасна приказна во првото коло кога се работи за голмани, и ја имаме и во второт…