Дома Фудбал Останато Англиската легенда го кажа својот став: Роналдо е голем играч, но не е ниту блиску до нивото на Меси

Англиската легенда го кажа својот став: Роналдо е голем играч, но не е ниту блиску до нивото на Меси

messi

Лионел Меси вчера повторно блескаше во победата над Тотенхем од 2:4.

Аргентинецот на почетокот на оваа сезона како да сака да докаже дека е неправедно изоставен од финалистите за најдобар фудбалер во светот, па од самииот почеток игра на највисоко ниво.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот Гери Линкер вчера ја прокоментира играта на Меси и тој смета дека ниту еден фудбалер не е блиску до неговото ниво.

„Искрено, дали некој навистина мисли дека некогаш постоел подобар фудбалер од Меси? Сериозно?“, се запраша Линкер, а потоа одговори и на едно прашање од Твитер „зошто на таков начин го понижува Роналдо“.

Линкер имаше интересен одговор.

„Го обожавам Роналдо и мислам дека е навистина голем играч. Сепак, не е ни блиску добар фудбалер како Меси. Постигна многу голови, но фудбалот е повеќе од тоа. Меси е на повисоко ниво“, порача Линкер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пике во проблем: Судот ја блокираше сметката на неговата компанија

Шпанскиот суд денеска нареди замрзнување на банкарската сметка на компанијата предводена о…