Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Целта е јасна – победа во двата натпревари (ВИДЕО)

Ангеловски: Целта е јасна – победа во двата натпревари (ВИДЕО)

Денес селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот за последните две кола од Лигата на Нации за натпреварите против Лихтенштајн и Гибралтар.

На прв поглед на списокот се забележува дека Ангеловски се одлучи за промени на голманската позиција. Имено, изоставен е голманот Митов-Нилсон, а на негово место повик доби Дени Илиев кој брани за младинскиот тим на Арсенал, а поради повреда изостана и Стефан Ристовски.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Селекторот Ангеловски на конференцијата за новинари потенцираше дека имал намера да го повика и Бесарт Ибраими доколку фудбалерот не се повредел во настапите за Шкендија.

Во продолжение погледнете како селекторот на македонската фудбалска репрезентација одговараше на новинарските прашања.

Благодарност до редакцијата на „Пол Погодок“ за видео материјалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Женските фудбалски надежи ќе учествуваат на УЕФА турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април уче…