Дома Македонски спорт Ангеловски: Тактиката не беше проблем, загубивме поради личните грешки

Ангеловски: Тактиката не беше проблем, загубивме поради личните грешки

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација вечерва по поразот истакна дека не е изненаден од добрата игра на домаќинот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Веќе кажав дека овој натпревар беше од голема важност за нас, но сепак Ерменија победи, но и понатаму сме во игра, ќе се обидеме да славиме на следните два натпревари’, изјави Ангеловски.

Ангеловски доби прашање и за стартот над Барди во првото полувреме при резултат 1:0, кога судијата не се огласи, иако беше очигледен пенал.

„Не сакам да ги коментирам судиските одлуки, натпреварот е завршен, се случи тоа што се случи. Не сум изненаден од тоа како одигра Ерменија, знаев дека се одлична селекцијата. Не загубивме поради тактиката, туку поради личните грешки“, истакна селекторот на македонската фудбалска репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гвардиол пред трансфер на животот!

Јошко Гвардиол би можел да го направи трансферот на неговата кариера. Реал Мадрид го посак…