Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Не смееме да ја потцениме Ерменија

Ангеловски: Не смееме да ја потцениме Ерменија

Македонската репрезентација утре против Ерменција ќе го одигра четвртиот натпревар од Лигата на нации.

Избраниците на Ангеловски стартуваа со три победи и се на добар пат да го освојат првото место во групата, но селекторот се обиде да ја смири еуфоријата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не смее да ја потцениме Ерменија, зошто тоа би било погубно. Евро 2020 е многу далеку и не размислуваме за тоа, туку во главата ни е само овој дуел со Ерменија. Тие ќе бидат лути и максимално мотвирани за да се извадат за тој пораз со Гибралтар. Мене ме радува што сите се здрави и што сме подготвени за овој меч“, изјави Ангеловски.

„Јас сум одговорен за она што ние ќе го одиграме, противникот не ме интересира. Се надевам дека ќе бидеме тактички мудри, паметни, дека ќе бидеме на потребното ниво. Секако дека имавме време да ги анализираме, мора да сме подготвени за секој играч кој се наоѓа во нивниот ростер и дека што и да направат тие, ние ќе имаме одговор за нивниот тактички план“, додаде нашиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барди: Во Шпанија ме споредуваа и со Меси!

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди кој настапува во дресот на Трабзонспор во интервју…