Македонскиот селектор Игор Ангеловски, со многу оптимизам го најави утрешниот историски натпревар за пласман на ЕП и покрај соочувањето со одредни проблеми во однос на играчкиот кадар.
„Носам огромна почит за работата на мојот колега Владимир Вајс со репрезентацијата на Грузија, добро се познаваме меѓу себе, но ние добро знаеме за нашите квалитети и тука сме повторно во Тбилиси за да дојдеме до реализација на нашите цели, а тоа е пласман на ЕП”, истакна на Ангеловски на пресконференцијата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имаме неколку фудбалери кои не допатуваа, но имам 21 фудбалер кој се тука подготвени да ни го донесат пласманот на ЕП. Подготвени да одиграат за себе и за сите нас во Македонија.Овие фудбалери мене ме натераа да бидам мирен, спокоен, па и мирно да спијам. Иако тука сме сами, ја чувстуваме поддршката, стигнуваат пораки од поранешни селектори, репрезентативци, пријатели. Ќе играме и за нив.“, рече селекторот.
Но, Ангеловски имаше посебно емотивно обраќање со благодарност за нашиот најдобар фудбалер.
„Сакам јавно да се заблагодарам на нашиот Горан Пандев. Ако некој е заслужен за тоа што сме овде е само тој кој сега е до мене. Точно пред пет години прифати да се врати во репрезентацијата и да го поведе овој тим, во кој јас верував уште од почетокот. Горан, ти благодарам и сакам утре да ги поведеш овие твои и мои браќа до пласман на ЕП“.
Фото: ФФМ