Дома Македонски спорт Анализа: Силната Шпанија беше запрена, ние сами се победивме!

Анализа: Силната Шпанија беше запрена, ние сами се победивме!

Вчера репрезентацијата на Македонија до 21 година играше натпревар против актуелниот европски шампион Шпанија во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Шпанија пред натпреварот беше апсолутен фаворит, но на теренот не изгледаше така. Избраниците на Милевски играа одлично, посебно треба да се истакне одбраната која селекторот одлично ја постави и не дозволи скоро ни една посериозна прилика на шпанските фудбалери. Треба да се истакне дека, не беше тоа било кој напад и средина, туку тоа беа играчи кои се дел од најголемите шпански клубови. Најголеми ѕвезди беа Рики Пуиг и Карлос Алења од Барселона и тие беа запрени. Затоа одбраната заслужува пофалби!


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Има ли за што да жалиме? Има и тоа како!

Треба да жалиме затоа што ваква игра не крунисавме барем со бод кој многу ќе ни значеше на табелата. Со тој бод ќе бевме втори и во одлична позиција пред наредните натпревари, вака сме трети со бод помалку од Израел (ќе бевме втори поради подобрата гол разлика). Кога се ќе се собере ќе видиме дека Шпанија не победи затоа што беше подобра туку затоа што ги искористи наши грешки, или поедноставно – сами се победивме.

Никола Серафимов како да нема среќа против Шпанците, минатата на гости си постигна автогол, а сега направи пенал. Пеналот можеби беше сомнителен, но факт е дека имаше еден потег кој младиот стопер не тебаше да го направи (тоа минимално туркање кое Шпанецот знаеше да го искористи).

И ако го критикувавме судијата за одлуката, само неколку минути подоцна и ние добивме најстрога казна.

Одговорноста ја превема играчот на Спортинг Лисабон, Димитар Митровски. Верувавме дека ќе погоди, но ништо младиот фудбалер го изведе сигурно еден од најлошите пенали во неговата досегашна кариера. Шутираше лошо и шпанскиот голман лесно го процени. Ова беше полошо изведен пенал, отколку некоја добра одбрана на голманот.

Бевме блиску до бодот, но како што сами да „избегавме“ од него. Како и да е сега не чека натпреварот против Фарски Острови на 8-ми септември и тука мора да победиме ако сакаме да останеме во борба за пласман на ЕП.

Пишува: Стефан Даскалов

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…