Дома Фудбал Италија Анализа на дербито во Серија А: Најсилниот домаќин против најсилниот гостин

Анализа на дербито во Серија А: Најсилниот домаќин против најсилниот гостин

Се уште без пораз на домашен терен, четвртопласираната Рома може да се доближи на два бода од гостите во недела но само доколку слави победа и ја продолжи серијата на домашен терен.

Двете екипи обезбедија напредок во Лигата на Европа во средината на неделата, но на многу поинаков начин – Рома многу полесно од Милан, кој се мачеше против Црвена Звезда.

Рома импресивна на домашен терен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И покрај неочекуваното реми без голови против Беневенто кој играше цело полувреме со играч помалку минатата недела, Рома го пречекува Милан, знаејќи дека нивниот домашен рекорд е застрашувачки за нивните противници. Се на се, римјаните се без пораз на последните 16 натпревари на домашен терен во лигата – победија на 12 дуели што претставува нивна најдолга серија од 2017 година.

Генерално доминирајќи во речиси сите дуели, сепак тие имаат тенденција да се распаднат кога ќе се соочат со нивните главни ривали од топ четири, како што се Јувентус, Аталанта и градскиот ривал Лацио – од кого изгубија во последните неколку недели.

Дуелот во четвртокот во осминафиналето од Лигата на Европа и нивниот триумф над Брага од 3:1 донесе дуел со украинскиот шампион Шахтјор Доњецк следниот месец – втор последователен двомеч во кој португалскиот менаџер Фонсека ќе се соочи со еден од неговите поранешни клубови.

Сепак, фокусот на Рома мора да остане на домашните обврски, бидејќи тие во моментов се вклучени во жешка битка за пласман во Топ 4 со Наполи, Лацио, Аталанта …

Откако минатиот месец испадна од Копа Италија и го наруши темпото во трката за Скудетото, Фонсека сега се насочува кон Серија А, секако и најавувајќи битка за трофејот во Лига Европа

Милан со голем пад во формата

Рома можеби собра најмногу бодови на домашен терен оваа сезона, вкупно 30 бода, но Милан има најголем број на гостински поени – 28. Всушност, екипата на Стефано Пиоли сезонава има само еден пораз на гостински терен и тоа во последното коло од Специја со 0:2. Имаат девет победи и едно реми на гости што е импресивно.

Нерешениот резултат против Црвена звезда во Белград не се чинеше толку лош, но во четвртокот екипата на Пиоли едвај се спасуваше на домашен терен и само поради гол повеќе на гости обезбеди пласман во следното коло.

На последните четири меча Милан има две ремија со Црвена Звезда во Европа и два порази во Серија А, од Специја и од Интер во дербито.

Тоа беше доволно за да им го препуштат лидерското место на најголемите ривали кој побегнаа со четири бода и сега секој меч е од голема важност за нив.

Милан сега загуби четири натпревари во Серија А во 2021 година – два повеќе отколку во целина минатата година. Има малку време за да се поправат резултатите, особено што Милан ќе има пеколен период – после Рома ќе мора да играат со Наполи, а тука е и двомечот со Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…