Дома Фудбал Лига на шампиони Анализа: Баерн ќе брка негатива од 3:2 без Левандовски во нападот

Анализа: Баерн ќе брка негатива од 3:2 без Левандовски во нападот

Баерн Минхен ќе се обиде да ја анулира негативата од 3:2 од првиот натпревар од четврт-финалето во Лигата на Шампиони против ПСЖ. Но тие поразот го доживеаа во Минхен и сега во главниот град на Франција ќе имаат далеку потешка задача.

Одличната средба со пет гола на „Алијанц Арена“ заврши со тоа што избраниците на Маурисио Покетино имаа неверојатна среќа во текот на целата средба. Замислете, Баерн имаше 61% посет на топка и неверојатни 31 удар кон противничкиот гол. Сепак, ПСЖ од само шест удари кон голот на Баерн постигна три гола кои беа доволни за голема предност.

Мбапе во неверојатна формам


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Килијан Мбапе го направи она што најдобро го прави на „Алијанц Арена“, постигна два гола и постојано им создаваше големи проблеми на дефанзивците на Барн.

Задржувајќи го моментот од неговата рекордна вечер на „Камп Ноу“, на Мбапе му беа потребни само три минути да го искористи својот авторитет на теренот на Баерн.

Воодушевувачкиот рекорд на ПСЖ на гостински терен е неверојатен. ПСЖ игра подобро н агости сезонава, а тоа се виде по победита на Камп Ноу со 1:4 и оваа во Минхен.

Спротивно на тоа, „Паркот на принцовите“ не е тврдина каква што беше некогаш за време на полните стадиони, а ПСЖ победи на само еден од последните пет меча на домашен терен – изгуби три од нив – и сега се изложени на ризик да претрпат навјеќе порази дома за прв пат од мај 2009 година.

Откако беа погодени со повреди во дефанзивата во најлошото можно време, најдобрата одбрана на Покетино сигурно ќе биде напад против подеднакво ослабениот Баерн и јас немам сомнеж дека ПСЖ нема воопшто да го чува резултатот од првиот меч.

Баерн без Левандовски игра тешко

Непобедливиот бран на Флик во Лигата на шампионите заврши минатиот вторник, откако Флик беше сведок на првиот пораз по 17 натпревари без пораз во натпреварувањето.

Баерн не успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите само еднаш во изминатите 10 сезони, а Флик не е во позиција лесно да ја предаде тешко заработена европска круна. Неговиот тим мора да тргне по голови на „Паркот на принцовите“ – задача што ќе изгледаше многу полесна доколку Левандовски беше здрав пред овој меч.

Освен Левандовски офанзивата ќе биде ослабена и за Гнабри и Коста, а нема да играат ниту Суле, Толисо, Тилман и Рока.

Ако се знае дека Баерн не успеа да напредува откако го загуби првиот меч уште од сезоната 2014-15, тогаш јасно е колку тешка ќе бида задачата за тимот. Момците на Флик, исто така киксираа во лигашкиот натпревар против Унион Берлин за време на викендот играјќи 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…