Дома Македонски спорт АМС додели благодарници за судиите Начевски и Николов

АМС додели благодарници за судиите Начевски и Николов

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски организираше прием за ракометната судиска двојка Начевски- Николов, кои со долгогодишното меѓунаредно учество на сите светски, континентални и олимписки ракометни спектакли даваат свој придонес во ракометниот спорт.

Пет јуниорски и шест светски сениорски првенства, три фајнел-фор завршници, куп на купови, ЕХФ купови и настап на две олимпијади, како и најава за трето учество на ОИ во Токио ги става Начевски и Николов во врвот на ракометниот судиски двојки кои ќе ја бранат честа на македонскиот ракомет на најважниот спортски настан.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


По тој повод директорот Наумче Мојсовски им додели благодарници за целокупниот досегашен ангажман, посакувајќи им успешен настап на ОИ во Токио, заблагодарувај ќи им се за промоција на нашата земја во ракометниот свет, пред се затоа што Македонија можеби нема спортисти за олимписки медали, но сепак има олимпијци за големо финале.,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…