Словенецот во последната ноќ го сруши тимот на Портланд и така продолжи да ги воодушевува сите љубители на кошарката.
После неверојатната сезона во дресот на Реал Мадрид со кој освои се и ги собра сите индивидуални награди, а летото претходно освои злато со Словенија на Евробаскетот, Дончиќ пристигна во НБА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се очекуваше од него многу во НБА, но никој не можеше ниту да претпоставува дека Дончиќ ќе стане лидер на Далас и ќе биде еен од највалијателните и најдобрите играчи на Западот.
Малку недостасуваше да се најде и на „Ол Стар“ викендот, му недостасуваа само шест гласа од тренерите и играчи, додека повеќе од четири милиони фанови гласаа за него.
Меѓутоа Словенецот тоа не го разочара и продолжи да руши рекордите. Против Портланд Дончиќ стана првиот играч во НБА лигата кој на 19 години постигнал повеќе од 1100 поени до „Ол Стар“ паузата.
Luka Doncic becomes the first player in @NBAHistory 19 years or younger to eclipse 1100 PTS in a season before the All-Star break (via @EliasSports)
The BEST from the @dallasmavs rookie sensation! pic.twitter.com/rkfcAVjuvR
— NBA (@NBA) February 11, 2019