Дома Тенис Американците не попушаат, Ѓоковиќ не може да игра на УС Опен

Американците не попушаат, Ѓоковиќ не може да игра на УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ очекуваше да настапи на УС Опен и Синсинати, но најверојатно и понатаму ќе биде потребна вакцина за влез во САД.

Ѓоковиќ одби да се вакцинира и тоа најверојатно значи дека не може да заигра на турнирите во САД, откако и на почетокот на годината пропушти неколку турнири поради истото правило.

Засега одлуката не е официјална, но се шпекулира дека ќе биде потврдена најдоцна до 11 мај, кога беше најавено дека ќе има промени во однос на забраната за влез на невакцинирани странски државјани.

Се очекуваше Србинот да добие специјална дозвола од претседателот Бајден, но медиумите најавуваат дека тоа нема да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина загуби сет, па со убедлив финиш обезбеди полуфинале во Нингбо

Елена Рибакина ја совлада Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1, а за место во финалето во Нингбо…