Дома Фудбал Останато Американците избраа нов селектор

Американците избраа нов селектор

Брус Арена е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на САД, и клупата ќе го наследи Јирген Клинсман кој доби отказ поради лошите резултати во квалификациите за пласман на СП.

65-годишниот Арена зад себе има богато искуство како селектор на САД, тој го предводеше националниот тим од 1998 до 2006 година. Со Арина на селекторската функција Американците на Мундијалот во 2002 година стигнаа до четвртфиналето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неговиот претходник Јирген Клинсман доби отказ по поразите од Мексико (1-2) и Костарика (0-4) во главната квалификациска фаза, во КОНКАКАФ зоната, за пласман на Мундијалот во Русија.

Од КОНКАКАФ зоната пласман во Русија ќе изборта најдобрите три селекции, а четвртопласираната ќе игра бараж против петтопласираната селекција од Азија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …