Дома Останати Тенис Американски новинар му постави незгодно прашање, Ѓоковиќ знаеше да одговори

Американски новинар му постави незгодно прашање, Ѓоковиќ знаеше да одговори

Новак Ѓоковиќ успешно тргна во походот на нова титула на УС Опен.

Во првиот меч со лесни 3:0 (6:0, 6:2 и 6:3) го совлада Французинот Александр Милер и на тој начин и си го обезбеди првото место на АТП листата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Ѓоковиќ ова беше прв настап на УС Опен по пауза од две години поради мерките за вакцинација. Неговиот меч од трибините го следеше поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

На оваа тема еден американски новинар го праша Ѓоковиќ:

„Барак и Мишел го следеа твојот меч. Кажи нешто повеќе за овој долг ден и твојата импресивна игра“.

„Знаев дека доцна ќе го завршам овој меч бидејќи и доцна го започнав. Го чекав овој момент долго време бидејќи е нешто посебно да се игра на најголемиот тениски стадион во светот, пред најбучната публика во вечерен термин. За мене ова беше посебна вечер иако церемонијата траеше подолго отколку што сакав. Првиот сет беше безгрешен, се надевам дека ќе го задржам ова ниво, иако турнирот само што започна“, одговори Ѓоковиќ, игнорирајќи го првиот дел од прашањето на новинарот за Барак и Мишел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Готово: Алкараз донел конечна одлука за Ролан Гарос

Беше под знак прашалник, но Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос во Пари…