Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски: Порто е фаворит, ние одиме да играме и да ги искористиме шансите

Алушовски: Порто е фаворит, ние одиме да играме и да ги искористиме шансите

Вардар ја оствари првата цел и со победата против Мотор го обезбеди пласманот во следната фаза. Денес црвено-црните од 16:00 часот го играат натпреварот против Порто.

Овој натпревар е важен за избегнување на 6. место на табелата кое би донело потежок протвник, Порто пак бара потврда за пласман во осминафиналето. Во Скопје Вардар во првиот натпревар беше подобар од Порто со 32:27.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот Стевче Алушовски пред натпреварот истакна дека се обидуваат да не мислат на проблемите, а како најголем проблем го истакна тоа што нема доволен број на играчи во ротацијата.

„Победата против Мотор во претходното коло ја подигна атмосферата в тимот. Сепак не треба тој резултат да ни дава преголеми оптимистички очекувања. Реално гледаме на ситуацијата. Порто е фаворит сега на дуелот, а ние одиме без притисок и со единствена мисла – да играме, да се натпреваруваме и секако да ги искористиме шансите. Се обидуваме да не мислиме на проблемите, но најголем е тој што немаме довлно играчи за ротација, па ќе мораме да се потпреме на она што го имаме во моментов. Знам дека сите ќе се борат до крај, нема предавање – напротив ќе гледаме да бидеме на ниво со кое ќе можеме да се носиме со домаќинот”, изјави Алушовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…