После четири сета и борба од четири часа и 19 минути Шпанецот Карлос Алкараз успеа да слави против Френсис Тиафо во полуфиналето на УС Опен.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сега Алкараз ќе игра против Каспер Руд во битка за титулата, но и за првото место на АТП листата.




„Фантастично е ова што ми се случува. Одиграв одлично против Френсис кој беше на високо ниво во последните две недели. Прекрасно е чувството да бидете во финалето. Ова се работи за кои сонував како дете, сега знам дека вложениот труд ми се исплатеше“.




„Првото место е блиску, но во исто време и далечно. Нема што многу да се каже првото место на АТП листата и Грен Слем титула се сон на секој млад тенисер. Уживам во моментот“, изјави Алкараз.