Дома Фудбал Лига на шампиони Алисон: Му се исплатев на Ливерпул поради една одбрана

Алисон: Му се исплатев на Ливерпул поради една одбрана

Ливерпул и Тотенхем во сабота во Мадрид од 21:00 часот ќе играат во финалето од Лигата на шампионите.

Тимот на Клоп е благ фаворит во однос на „петлите“, а големи заслуги за пласманот на Ливерпул во финалето има бразилскиот голман Алисон Бекер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Одличниот Бекер минатото лето пристигна во Ливерпул од Рома за сума од 62 милиони евра без бонуси и во првата сезона покажа дека неговото доведување беше вистински потег.

Ливерпул беше во група со ПСЖ, Наполи и Црвена Звезда и за поминување во нокаут фазата се бореше до последната секунда. На „црвените“ за пласман во елиминационата фаза против Наполи им беше потребна победа до која стигнаа со голот на Салах во 34-тата минута, а Алисон во судиското продолжение одбрани зицер на Милик. Ако Милик во таа прилика постигнеше гол ќе го исфрлеше Ливерпул од Лигата на шампионите.

„Половина од износот кој Ливерпул го плати за мене му се исплатеше со таа одбрана“, изјави Алисон во интервју за „Индепендент“.

После прболемите со Мињоле и Кариус, Клоп конечно доби голман на кој може 100% да смета.

„Само неколку пати седнавме и разговаравме за техничките аспекти на мојата игра. Никогаш не бараше нешто посебно за мене освен да продолжам да бранам како во Рома. Клоп е многу природен тип со кој воопшто не е тешко да комуницираш. Ми се допаѓа начинот на кој играме и затоа брзо се вклопив. Клоп тежнее кон тоа играта да ја градиме од голманот и мислам дека на целиот тим му дава самодоверба. Секако, некогаш мораш и панично да ја избиеш топката, но се обидуваме колку што е можно да не се доведуваме во такви ситуации“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…