Дома Топ вести Алиоски: Фенербахче е клубот од моите соништа, Елмас заслужува да биде таму каде што е сега

Алиоски: Фенербахче е клубот од моите соништа, Елмас заслужува да биде таму каде што е сега

Во летниот преоден рок Езгјан Алиоски ја прифати понудата од Фенербахче и се врати во Европа откако одигра една сезона во Саудиска Арабија во дресот на Ал-Ахли.

Сега Алиоски истакна дека е среќен на почетокот на неговата епизода во Фенербахче.
„Среќен сум што сум дел од Фенербахче. Тука се чувствувам како дома, секогаш сонував да играм во ваква екипа, за мене Фенер е клуб од соништата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога сум тука можам одблиску да видам колкава е големината на тимот. Сите знаат што значи овој клуб во фудбалот, сакам да станем шампион и тоа е една од причините зошто сум тука“, изјави Алиоски.

Новинарите го запрашаа Алиоски и за Елиф Елмас кој се уште го носи дресот на Наполи.
„Елиф е некој кој заслужува да биде таму каде што е сега. Станува збор за квалитетен и млад играч, пред него е долг пат во кој може да го покаже својот талент.

Фудбалер кој секогаш се труди да го даде најдоброто од себе. Очекува да стане многу поголем играч во иднина“, истакна Џани.

Ќе потсетиме, Алиоски во Фенербахче е на едногодишна позајмица, а ќе има можност за продолжување на уште некоја година ако ги задоволи очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ВИДЕО Мартинез доби втор жолт во пенал серијата, но не беше исклучен. Еве зошто

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пена…