Eзгијан Алиоски се повреди во финишот од сезоната и поради тоа не настапи во плејофот за влез во Премиер лигата во кој Лидс изгуби од Дерби Каунти во полуфиналето.
Не се очекува Алиоски да настапи и за Македонија во натпреварите од квалификациите за Европското првенство против Полска и Австрија на 7-ми и 10-ти јуни. Сепак, селекторот Игор Ангеловски го смести на списокот од повикани играчи за овој натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега на социјалните мрежи Алиоски објави видео во кое покажува дека започнал со полесни тренинзи и напорно работи за враќање на терените.
recovery finished. feels great to be back at work?? #lufc #mot @FairplayAgency pic.twitter.com/zpcz8XgoiW
— Ezgjan Alioski (@ezgjanalioski) May 24, 2019