Дома Македонски спорт Алиоски: Подобри сме од Романија и Исланд, веруваме во пласман на Светско првенство

Алиоски: Подобри сме од Романија и Исланд, веруваме во пласман на Светско првенство

Македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски имаше интервју за ФИФА.

Помеѓу другото Алиоски зборуваше и за можноста Македонија да се пласира на Светското првенство Катар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Секое дете кое го сака фудбалот сонува за тие големи натпреварувања Лига на шампиони, Европско, Светско првенство…Мои две големи цели сега се настап во Лигата на шампионите и Светското првенство. Со победата против Германија почнавме да веруваме дека можеме да се пласираме на СП, според мене подобри сме од Романија, Исланд идругите тимови во група. Следен чекор на Македонија е пласман на Светско првенство“.

„Во натпреварот влеговме со сета почит кон нив, знаејќи дека играме против четирикратен Светски шампиони, а сите нивни играчи се во топ клубови. Но исто така знаевме дека имаа проблеми на претходните натпревари па влеговме со самодоверба. Одигравме навистина тактички добро, не ни направија многу шанси, се боревме како вистински тим со карактер и срце“, изјави Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…