Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не беше задоволен од начинот на кој неговиот тим одигра против Каљари.
По шести пат по ред, Јувентус нема победа на гостински терен во Серија А, што е нивна најлоша серија од 2009/10. Во вчерашниот натпрвеар Јувентус се спасуваше од пораз и до бод дојде со два гола во второто полувреме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Масимилијано Алегри не беше среќен по мечот, иако рече дека целта сепак е пласман во Лигата на шампионите, до која Јувентус е блиску.
„Едноставно, им дозволивме седум контра-напади и постојано се обидувавме со додавања тика-така на некој што беше на еден метар и грешевме во тие обиди. Против агресивен тим како Каљари, треба да ја израмните борбата.
Ние тоа не го разбравме, посебно затоа што топката не се движеше добро. Моравме да испраќаме долги топки. Технички правевме грешки, кога играте во овој дел од сезоната ќе изгубите ако не го изедначите интезитетот на ривалот. Затоа играчите на Каљари имаа грчеви по мечот, дадоа се од себе, ние тоа не го направивме“, изјави Алегри.