Дома Фудбал Италија Алегри тренер на годината во Италија: Се надевам дека уште долго ќе останам во Јуве!

Алегри тренер на годината во Италија: Се надевам дека уште долго ќе останам во Јуве!

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри денес ја доби наградата „Златна клупа“ за најдобар италијански тренер на годината.

За Алегри ова е четврта ваква награда, а оваа сезона ја победи конкуренцијата од Маурицио Сари и Симоне Инзаги.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сакам да му се заблагодарам на мојот штаб кој многу ми помага исто така оваа награда е признание и за моите фудбалери. Се надевам дека ќе останам во Јувентус уште долго. Сега ги гледам работите на поинаков начин, бидејќи имам повеќе искуство во Серија А“, изјави Алегри.

„Целта оваа сезона ни е да ја освоиме Лигата на шампиони, но и Скудетото, Нивото на лигата е повисоко па сметам дека Наполи и Интер ќе ни бидат голема конкуренција“, додаде Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…