Дома Фудбал Италија Алегри се разлути: Толку средства, а никаде важни погодоци…

Алегри се разлути: Толку средства, а никаде важни погодоци…

Како тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри повеќе да не можеше да молчи, јавно ја повика најголемата ѕвезда на тимот на „Старата дама“.

Аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин се најде на мета на критики на тренерот на Јувентус, кој призна дека е незадоволен од неговите изданија. Покрај тоа што Игуаин потполно затаи оваа сезона, Аргентинецот очигледно од пристигнувањето во Јувентус навистина ретко постигнува важни погодоци за клубот, а во јунаци се претвораат некои други играчи, како што е Дибала.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не е важно дали Игуаин ќе постигне 25 или 30 погодоци. Важно е тие да бидат одлучувачки, да ни донесат бодови и да имаат вредност. Физички е подобар од претхофно, тренираше за време и на репрезентативната пауза, но се уште не е на своите 100%. Моментално е на половина од своите можности и навистина сметам дека може да игра подобро“, истакна Алегри кој од Игуаин очекуваше да биде посилен и да се наметне на некои важни натпревари за Јувентус во изминатата, но и во оваа сезона.

Од друга страна, Алегри како позитивен пример го посочи Дибала, иако и нему му најде една маана.

„Дибала има 23 години и мора да научи како да ја распредели енергијата во текот на натпреварот, бидејќи би можело да се случи да остане без сила во одредени натпревари пред крајот на сезоната. Исто така, мора да ја подобри играта со десна нога, како и Бернардеши. Тој е фантастичен фудбалер и среќен сум што имам шанса да соработувам со него, иако е неблагодарно да се спореди со другите играчи“, истакна тренерот на Јувентус.

Гонзало Игуаин изминатото лето пристигна во Јувентус за високи 90 милиони евра, но сепак се стекнува впечаток дека не ги исполни потполно очекувањата, иако за „Старата дама“ постигна доста погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…