Дома Фудбал Алегри пред дербито: Сакаме победа, купот е една од нашите цели

Алегри пред дербито: Сакаме победа, купот е една од нашите цели

Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри денес зборуваше за медиумите пред натпреварот во Купот на Италија против градскиот ривал Торино.

„Апослутно не смееме да ги потцениме…Прво и најважно, тоа е дерби, а дербито секогаш е посебен натпревар. Без оглед на повредите, сакаме победа бидејќи трофејот во ова натпреварување е една од нашите цели, како што се трофеите во Серија А и Лигата на шампионите“, изјави Алегри.

Јувентус утре го пречекува Торино во рамките од четвртфиналето на Купот на Италија.

„Мораме да се припремиме на најдобар можен начин, бидејќи нас за 72 часа не очекува и последниот натпревар пред зимската пауза“, истакна Алегри.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Торино се игра утре со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…