Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри денес одржа конференција за медиумите пред утрешното големо дерби во Серија А против екипата на Милан, а неизбежно беше и прашање за ¼ финалниот натпревар против Реал Мадрид.
За Јувентус новиот месец носи одлучувачки натпревари како во Серија А во борбата за Скудетото, така и во Лигата на шампионите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Реал Мадрид? Ќе играме два натпревари против најдобриот тим во светот, заедно со Барселона. Мораме да имаме амбиции да ги победиме, но нашата најважна цел во овој момент е лигата. Најважен натпревар за нас во овој момент е против Милан“.
„Скудетото? Наполи е елиминиран од сите натпреварувања, им остана само лигата. Тоа е важна цел за нив, но како што кажав и за нас. До крајот преостануваат уште девет натпревари, пет од нив играме на домашен терен. Бонучи? Тоа ќе биде посебна вечер за него. Тој секогаш остана во срцата на навивачите на Јувентус. Се уште е во контакт со Буфон, Брзаљи и Киелини, тие заедно испишуваа историја. На крајот се одлучи да премине во Милан, тоа не го очекував. Утре на теренот ќе биде наш противник“.
„Кога Бонучи замина сите очекуваа да бидеме послаби. Но Бенатија и Ругани навистина многу напредуваа“, зборуваше Алегри.
На крајот ја прокоментира и работата на Џенаро Гатузо.
„Гатузо ги заслужува сите пофалби. Дочекан беше со скептицизам, но тој својот карактер успеа да и го пренесе на екипата“, заврши Алегри.
Натпреварот помеѓу Јувентус и Милан се игра утре со почеток во 20:45 часот.